Познати паровите во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Денеска беше одржана ждрепката за полуфиналето во шпанскиот Суперкуп, а Реал Мадрид дозна дека ќе игра против Атлетик Билбао, додека Реал Сосиедад ќе го пречека тимот на Барселона.

Првиот полуфинале натпревар ќе се игра на 13 јануари кога ќе се сретнат Сосиедад и Барса, а за ден подоцна е закажан и дуелот Реал – Билбао.

Финалето на шпанскиот Суперкуп ќе се игра на 17 јануари во Севиља.