Познати се деталите: Бензема ги потпиша документите со Ал Итихад


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Карим Бензема вчера соопшти дека го напушта Реал Мадрид, по што денеска новинарот Фабрицио Романо објави дека ги потпишал документите со неговиот нов клуб Ал Итихад.

Бензема потпишал договор до 2025 година, со опција соработката да биде продолжена на уште една година.

Французинот ќе заработува околу 200 милиони евра годишно со бонуси во Ал Итихад, а со фановите на Реал Мадрид ќе се збогува во вторник на прес-конференција пред да замине во Саудиска Арабија.