Познати се деталите: Кејн се сели во Минхен!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Конечно заврши големата сага за иднината на англискиот напаѓач Хари Кејн, кој од Тотенхем се сели во Баерн Минхен.

Кејн долго време размислувал дали да ја прифати понудата, откако се договорија клубовите, но сфатил дека има доволно време да се прилагоди во германскиот тим и затоа денеска ќе оди на медицински прегледи во Германија.

Англискиот репрезентативец ќе го носи дресот со број девет, а неговата плата ќе изнесува околу 25 милиони евра, додека Тотенхем за трансферот доби 100 милиони евра плус 20 во бонуси.