Познатиот пејач и тв-водител после хуманитарниот натпревар покажа колку го почитува Кристијано Роналдо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристиjано Роналдо во Торино одигра хуманитарен натпревар на кој учествуваа голем број сегашни и поранешни фудбалери.

Покрај големите фудбалски имиња како што се Роналдо, Тоти, Пирло и Недвед, на овој  натпревар настапуваа и возачите на Формула 1, Себастиан Фетел и Чарлс Леклерк како и многу други популарни личности од јавниот живот.

Така заигра и познатиот италијански пејач и тв-водител Паоло Бели, а кога Кристиjано Роналдо постигна гол на овој натпревар, Бели одлучи тоа да го прослави со Португалецот и покрај тоа што беа од различни тимови.

Очигледно е дека Бели многу го почитува Роналдо, а доказ за тоа е и снимката од соблекувалната после овој натпревар каде што се гледа како Бели му се „поклонува“ на Роналдо, а после тоа го бакнува по раката.