Познато е името на арбитарот кој ќе ја дели правдата на големото финале во Мадрид…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Откако стана познато дека Џанлука Роки ќе биде задолжен за финалето во рамки на Лига Европа, познато е и името на судијата за финалето во Лигата на шампионите.
Првиот ден од јуни на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид ќе се состанат Ливерпул и Тотенхем во англиското финале, а ќе суди Дамир Скомина од Словенија.
Тоа е одлучено денес, УЕФА донесе одлука 42-годишниот словенечки судија да биде арбитарот на најважниот меч во сезоната.
Како што се вели на сајтот на УЕФА, Скомина вака ќе ја комплетирана тројната круна бидејќи во својата кариера судеше на финалето од Суперкупот на Европа, како и финалето во Лига Европа.
Ќе му помагаат сонардониците Јуре Прапротник и Роберт Вукан. Лахоз од Шпанија ќе биде четвртиот судија.