Познато е кога ќе се игра финалето во ЛШ


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


УЕФА реши да го одложи Европското првенство во фудбал за следната година, па предност ќе добијат клупските натпреварувања.

Евро 2020 нема да се игра од 12 јуни до 12 јули годинава, туку истото е преместено за 2021 година, а нешто слично ќе се случи и на Копа Америка.

„Марка“ пишува дека сезоната ќе продолжи на почетокот на мај или крај на април, а УЕФА веќе прави календар на натпревари за во Лигата на шампиони (ЛШ) и Лига Европа (ЛЕ).

Наводно, терминот на финалниот меч во ЛШ треба да биде 27 јуни, зашто е планирано до крајот на тој месец да завршат сите клупски натпреварувања, но секако тоа зависи најмногу од пандемијата на коронавирусот.