Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Претседателот на ФИФА, Ѓани Инфантино си го копа сè подлабоко својот гроб, бидејќи наводно за време на работа во УЕФА имал љубовна афера со една од своите колешки, а Европската куќа на фудбалот и исплатила голема сума на пари на име отпремнина по нејзиното заминување од организацијата.
Според пишувањето на британскиот „Телеграф“, жената била вработена во УЕФА додека Инфантино бил генерален секретар на организацијата. Нивната врска наводно траела во периодот кога Швајцарецот бил во брак.
Кога во 2011 година ја напуштила УЕФА, поранешната вработена добила значителна исплата. Според „Телеграф“, станува збор за сума од околу 170.000 евра, која вклучувала и трошоци за школување за магистерски студии на бизнис школа.
Непосредно пред заминувањето од организацијата, наводно добила и покачување од околу 29.000 евра, откако во неколку наврати напредувала од административна позиција до место во раководството. Парите за исплатата наводно биле директно земени од касата на УЕФА.
Информациите за наводната љубовница на Инфантино се појавија во јавноста во петокот, по што УЕФА соопшти дека сака да спроведе истрага за периодот во кој Инфантино беше на чело на организацијата.
















