Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Комеморацијата и збогувањето од Коби Брајант, неговата ќерка Џина Марија и уште седум настрадани лица во падот на хеликоптерот на 26 јануари ќе се одржи на 24 февруари во Лос Анџелес.
„Си-Ен-Ен“ објави дека блиски извори до семејството на Брајант им откриле дека комеморацијата ќе се одржи во Стејплс центарот, односно салата на Лос Анџелес Лејкерс.
Датумот од збогувањето е симболичен затоа што Брајант во поголемиот дел од неговата кариера го носеше дресот со број 24, а неговата 13-годишна ќерка го носеше бројот 2 во екипата на училиштето, каде што тренираше кошарка.