Познато кога ќе почне судењето: Манчестер сити го чека тешка казна!?


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека судењето против Манчестер сити ќе почне в понеделник, а се однесува на 115 прекршоци кои ги направил гигантот со финансискиот фер-плеј.

„Граѓаните“ често ги кршеле правилата во период од 2009 до 2018 година, па поради тоа би можел да добие сериозна санкција.

Иако премиерлигашот ги негира обвинувањата, сепак доколку се докаже дека е виновен, тогаш го чека одземање на бодови, но и на титули.

Наводно би можеле да му бидат одземени 30 бодови за следната сезона, но и титулите освоени во наведениот период.