Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ (39) би требало следната недела, по репрезентативните обврски, да помине лекарски преглед и да потпише договор со Милан, објавиле италијанските медиуми. Хрватската репрезентација во петок ги започнува квалификациите за СП 2026. со натпревар против Гибралтар во португалски Фаро, а во понеделник, на 9 јуни игра против Чешка.
По тие натпревари, Модриќ би требало да патува за Милано на лекарски преглед и потпишување на договор. Модриќ доаѓа на Сан Сиро како слободен играч, без отштета, но со Реал Мадрид, во кој помина 13 години, сѐ уште треба да го одработи Светското клупско првенство, кое се одржува од 14 јуни до 13 јули во САД.
Италијанските медиуми наведуваат дека претставниците на Модриќ биле видени во четвртокот во седиштето на „Росонерите” (Casa Milan) за да утврдат детали на договорот. Модриќ би требало да потпише едногодишен договор со опција за продолжување за уште една сезона. За година дена во AC Милан, пишуваат медиумите, би требало да заработи околу четири милиони евра, вклучувајќи бонуси.
Фото: Grok AI