Познато кога се враќа Рудигер во составот на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид доби одлични вести пред продолжение на сезоната, а станува збор за повредата на германскиот дефанзивец Антонио Рудигер.

Рудигер вчера се врати на тренинзи и вчера комплетираше дел од тренингот со остатокот од неговите соиграчи, па доколку нема проблеми би требало да се врати за дуелот против Севилја.

Натпреварот меѓу „кралевите“ и Севилја е закажан за 25 февруари од 21 часот во Мадрид, а тоа за Рудигер ќе биде 31 настап оваа сезона во сите натпреварувања.