Познато кога се враќаат најголемите ѕвезди на Лејкерс


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Двајцата најдобри кошаркари на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис треба да се вратат на теренот во следните две-три недели.

Џејмс не беше на теренот уште од 20 март кога се повреди во втората четвртина на мечот против Атланта хокс, додека Дејвис веќе два месеци го нема на паркетот.

Повредата на двајцата кошаркари им направи големи проблеми на останатите во Лејкерс, зашто актуелниот НБА шампион славеше на пет од 12 натпревари.

Сепак, последниот меч и победата против Бруклин нетс од 126-101 најави подобри резултат, додека следниот меч го играат против Њујорк никс меѓу недела и понеделник.