Познато кои датуми ги разгледува УЕФА за финалињата на Лигата на шампионите и Лига Европа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Коронавирусот создаде големи проблеми и во светот на фудбалот, па така голем дел од фудбалските натпреварувања се во мирување.

УЕФА по секоја цена сака да се доигра сезоната во Лигата на шампионите и Лига Европа, па сега дала финални датуми на кои треба да се одиграат финалињата во двете конкуренции.

Според планираното, финалето во Лигата на шампионите треба да се одигра на 29 август, додека финалето во Лига Европа на 26 август. Тоа значи дека финалињата ќе се одиграат точно три месеци подоцна по нивното оригинално закажување.