Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓
Македонскиот првак Шкендија обезбеди место во плеј-офот од Конференциската лига на УЕФА, успех кој, покрај спортското значење, носи и значителна финансиска добивка за тетовскиот клуб.
Со пласманот во нокаут-фазата, Шкендија инкасираше дополнителни 200.000 евра, со што вкупната заработка од европските настапи сезонава се искачи на сума блиска до шест милиони евра.
Во плеј-офот, македонскиот шампион ќе игра против еден од двата можни противници – полскиот Лех Познањ или турскиот Самсунспор.
















