Познато колку пари заработи Шкендија со пласман во нокаут-фаза на КЛ


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Македонскиот првак Шкендија обезбеди место во плеј-офот од Конференциската лига на УЕФА, успех кој, покрај спортското значење, носи и значителна финансиска добивка за тетовскиот клуб.

Со пласманот во нокаут-фазата, Шкендија инкасираше дополнителни 200.000 евра, со што вкупната заработка од европските настапи сезонава се искачи на сума блиска до шест милиони евра.

Во плеј-офот, македонскиот шампион ќе игра против еден од двата можни противници – полскиот Лех Познањ или турскиот Самсунспор.