Познато лице го менува Ибрахимовиќ во ЛА Галакси


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


ЛА Галакси остана без Златан Ибрахимовиќ оваа зима.

Искусниот шведски напаѓач реши да го напушти Лос Анџелес и да се врати во Милан, каде го направи своето официјално деби минатиот викенд.

Галакси од друга страна сака да ангажира ново големо име. Многу фудбалери се поврзуваат со овој тим, а ЕСПН тврди дека оваа МЛС франшиза се одлучила да го донесе Хавиер Ернандез.

Чичарито во моментов носи дрес на Севиља, но не добива вистинска шанса таму. Тој има одиграно само 441 минути игра во дресот на Андалузија оваа сезона и тоа не го задоволува.

Галакси сакаат да го искористат незадоволството и да го донесат Мексиканецот во своите редови. Тоа на крајот би можело да се случи, па би можеле многу брзо да го погледнеме 31-годишниот напред напред во МЛС.

Во богата европска кариера, Мексиканецот смени многу клубови, играјќи за Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Вест Хем и Баер Леверкузен.