Познато лице пристигнува во Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кејлор Навас побара трансфер од Реал Мадрид, а „Кралевите“ веќе ја бараат неговата замена.

Неколку имиња се поврзани со пристигнувањето во Сантијаго Бернабеу, а главни кандидати се Антонио Миранте од Рим и Пепе Реина од Милано.

Реина (36) е најсериозниот кандидат за преминување во Мадрид. Тој во моментов е резервен голман на Џиџи Донаруми во Милано и неговото доаѓање е најлесно за остварување.

Росонерите нема да му предизвикаат проблеми со евентуалното заминување, а се очекува дека тој многу бргу може да премине во Реал.

Кариерата на Реина започна во најголемиот ривал Барселона. Откако не доби вистинска шанса на голот, тој замина во Виљареал, а потоа и во Ливерпул, каде помина осум години.

Помина уште четири сезони во Наполи, една во Баерн, за да пристигне во Милан минатата сезона како замена за Донарума.

Тој сега би можел да ја круниса својата голема кариера потпишувајќи и за Реал, каде би служел како резерва на првиот голман Тибо Куртоа.

Покрај Реина и Миранте, со Реал се поврзуваат и Даниел Субашиќ и Мартин Стекеленбург.