Познато што носи Роналдо секогаш за да докаже дека е подобар од Меси


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кристијано Роналдо и Лионел Меси се на сцената околу две децении и нивното ривалство веќе трае со години, а секогаш ќе постои дилемата кој бил подобар фудбалер во историјата.

За 10 дена ќе биде објавена книга која е посветена на ривалството на Роналдо и Меси, а веќе во јавност се појавија одредени делови и најинтересна е приказната на фитнес тренерот на Спортинг Лисабон, Карлос Бруно.

Бруно откри дека Роналдо секогаш носел парче хартија во џеб на кое пишува кои успеси ги постигнал во кариерата, а на еден тренинг го извадил за да докаже дека е подобар од Меси.

„Тоа што го освои со клубовите, но и индивидуалните награди се запишани на тоа ливче. На еден тренинг го извади и покажа дека бил подобар од Меси“, открива Бруно.