Правилата се јасни: Кардиф мора да ја исплати ратата за трансферот на загинатиот Сала


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кардиф мора да ја исплати првата рата од шест милиони евра на Нант за загинатиот фудбалер Емилијано Сала, а тоа го потврди Арбитражниот суд во Лозана.

Екипата од Велс одби да ги исплати парите, иако трансферот беше реализиран два дена пред да почине Аргентинецот, кој падна со авионот на пат од Франција кон Велс.

ФИФА побара од Кардиф да ја плати првата рата, по што тимот од Велс не сакаше да го направи тоа и решија да се жалат во Лозана, но таму го загубија случајот.

Судот утврди дека трансферот на фудбалерот бил завршен затоа што сите услови веќе биле наведени во договорот. Нант треба да добие шест милиони евра од трансферот.