„Пред 12 години плаќав 10 фунти за да играм фудбал, а сега сум во финале на ФА-купот!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трој Дини со гол од пенал во надополнувањето во полуфиналето на ФА-купот му донесе продолженија на Вотфорд против Вулверхемптон, а по истите тимот успеа да победи и да се пласира во финалето.

Посебно емотивна беше победата за Дини, кој е легенда на екипата, а сега ќе има шанса да се бори из а првиот тррофеј во кариерата.

Напаѓачот на Вотфорд го совладаа емоциите, па имаше интересна изјава по мечот.

„Поминав долг пат. Луѓето зборуваат за мојот престој во затвор, но претходно поминав неверојатен пат за да станам фудбалер. Затоа бев емотивен на крајот на мечот. Едвај се воздржав да не заплачам. Пред 12 години плаќав 10 фунти неделно, а сега сум во финалето на ФА-купот“, вели Дини.

Овој фудбалер во 2012 година помина три од 10 месеци во затвор поради нанесување на тешки повреди во тепачка.