Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот бразилски напаѓач Роналдо е еден од ретките фудбалери за кои и противничките навивачи тврдеа дека е најдобар во светот.
„Ил Феномено“ во текот на 90-те години беше незапирлив, но две тешки повреди на коленото му ја уништија кариерата. Сепак, во 2002 година успеа да се врати на големата сцена и да го освои Светското првенство со Бразил.
Истата година Роналдо се пресели од Интер во Реал Мадрид. Таму играше неверојатно, но не успеа да ја освои Лигата на шампиони.
Меѓутоа, на 23 април 2003 година Роналдо одигра една од најдобрите средби во кариерата. Во реваншот од четвртфиналето во елитното натпреварување Јунајтед славеше со 4-3 против Реал, но хет-трикот на Бразилецот го натера цел „Олд Трафорд“ да му се поклони.
„Бев изненаден со реакцијата на луѓето по првиот гол. Кога го напуштив теренот сите станаа и ми аплаудираа. Беше тоа посебен момент за мене“, кажа Роналдо.