Пред неколку месеци ги напушти, а сега пак се врати: Липи е нов селектор на Кина!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Марчело Липи повторно ќе биде селектор на кинеската фудбалска репрезентација од чие место замина во јануари 2019 година.

Италијанскиот тренер си замина по поразот во четвртфиналето на Купот на Азија во јануари 2019 година, а тогаш Кина беше поразена од Иран. По заминувањето на Липи, на негово место седна неговиот сонародник Фабио Канаваро.

Сепак, Канаваро, кој е тренер и на Гвангжу Евергранде, се повлече од позицијата, па сега повторно Липи се враќа на тоа место.

Липи не успеа да ја однесе Кина на Светското првенство во Русија, но под негово водство на шест меча таа селекција оствари три победи, две ремиња и еден пораз.

Тренерот, кој ја водеше Италија во 2006 година до титулата повторно ќе почне со работа во Кина од јуни.