Пред точно 10 години сè почна: Мамо, не грижи се, повеќе нема да бидеме гладни!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ромелу Лукаку на 13 мај 2009 година наполни 16 години и потпиша професионален договор со Андерлехт до 2012 година, а на 24 мај дебитираше во мечот од плејофот на шампионатот во Белгија против Стандард.

Се помешаа тогаш среќата и тагата. Со голот на Витсел, Стандард ја освои титулата, но Лукаку беше среќен што доби шанса да заигра.

Лукаку потоа стана редовен член на Андерлехт во текот на сезоната 2009/10, а својот прв гол го постигна на 28 август 2009 година против Зулте Варегем и тоа како резервист.

Таа сезона ја заврши како прв стрелец со 15 голов, ја освои и титулата, а во текот на 2010/11 постигна 20 голови, па во 2011 година се пресели во Челси за 12 милиони евра.

Белгиецот потпиша петгодишен договор, а дебитираше против Норвич Сити, откако го замени Фернандо Торес. Потоа играше на позајмица во ВБА како позајмен фудбалер, па во Евертон, а во 2017 година за 90 милиони фунти се пресели во Манчестер јунајтед, со кој потпиша петгодишен договор.

„Гардијан“ во 2014 година го прогласи како еден од 10-те најталентирани во Европа, а познат е по тоа што е висок и силен фудбалер, кој е тешко да се запре.

Познат е и по тешкиот живот, кој го имаше пред славата. Познато е дека се јавил кај мајка му по потписот за Андерлехт и тогаш кажа:

„Мамо, не грижи се, ќе преживееме. Нема да бидеме гладни, зашто потпишав професионален договор со Андерлехт“, кажал Лукаку.