Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден од најинтересните фудбалери на Светското првенство (СП) за европските гиганти беше хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол.
Челси покажа најголем интерес за Хрватот и планира да го купи наскоро, а Гвардиол кажа дека му ветиле нови преговори во текот на зимата.
Меѓутоа, Хрватот направи една „грешка“ и во разговор со новинарите призна дека друг англиски клуб му е омилен, а тоа е Ливерпул.
„Челси не се откажа од мене. Се договоривме да преговараме во зима. Ќе видиме што ќе се случи. Уште од мал гледам англиски фудбал. Мојот омилен тим е Ливерпул“, кажа Гвардиол.