ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓
По вистинската сапуница во Париз, Адриен Рабиот конечно пристигна во Јувентус ова лето како слободен агент.
Како и да е, се покажа дека Французинот донесе серија лоши одлуки, од кои последна беше доаѓањето на италијанскиот шампион.
Рабиот не се вклопи, не го импресионираше тренерот Сари и одамна се шпекулира дека тој за брзо ќе ги спакува куферите, а дека Јувентус ќе го продаде во претстојниот трансфер период.
Рабиот , според италијанските медиуми, дополнително ги нервирал челниците на клубот со тоа што го одложил враќањето во Торино, откако повторно започнале активностите на клубот, а неговата судбина во Јувентус е запечатена.
Старата дама сака да се ослободи од високите примања на Рабиот, но и да заработи пари од можна продажба. Се верува дека Јуве има за цел да заработи сума од 15-20 милиони за трансферот на Рабиот.
Францускиот Le10Sport вчера започна шпекулации дека двата клуба веќе започнале преговори со Јувентус за трансферот на Рабиот. Се чини дека негова следна дестинација би можела да биде Англија.
Имено, Арсенал и Евертон моментално се во преговори со Старата дама за евентуален трансфер на Рабиот.
Arsenal have opened talks with Adrien Rabiot over a possible switch to the Emirates, claims Le10Sport ? pic.twitter.com/qxauujJymz
— Goal Singapore (@Goal_SG) May 22, 2020
Со години се шпекулираше дека Арсенал го следи Рабиот, а денес Топџиите го гледаат како одличен партнер за младиот Матео Гендоузи во средниот ред.
Карло Анчелоти, од друга страна, беше тренер на Рабиот во ПСЖ и се чини дека сака повторно да работи со францускиот играч од средниот ред, овој пат во Евертон.
Треба да се додаде дека во изминатиот период Рабиот се поврзуваше и со Манчестер Јунајтед, но најмногу како можен дел од „трансфер пакетот“ на Старата дама во обидите да го врати Пол Погба во Торино.