Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Пред четири дена, Кевин Де Брујне ја одигра својата последна средба на Етихад во дресот на Манчестер Сити.
Белгиецот остави огромна трага во овој тим и јасно е дека имаше солзи и од навивачите, и од самиот играч, но и од големиот тренер Пеп Гвардиола.
Штом стана јасно дека на крајот од сезоната ќе го напушти Етихад, почнаа шпекулациите за неговиот нов клуб во кој ќе игра од наредната сезона.
Јасно е, Де Брујне со својот Манчестер Сити треба да игра уште денес во рамките на последното, 38. коло на Премиерлигата, а потоа станува слободен играч.
Според тоа како стојат работите, Де Брујне веќе одлучи каде ќе ја продолжи својата кариера, и тоа ќе биде Италија и екипата која стана новиот шампион на оваа земја, а тоа е Наполи.
На масата, Де Брујне имаше и понуда од МЛС, поточно од екипата на Чикаго Фајр, но очигледно таа не го интересираше премногу.
Така, Де Брујне во неговиот нов клуб ќе заработи 27 милиони евра за три години, и ќе продолжи да игра на врвно ниво, и ќе се испроба во Италија.
Фотографија: Принтскрин