Прекрасен меч во Лондон: Пет голови и победа на Вест хем против Ливерпул! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Вест хем вечерва во одличен натпревар на домашен терен го совладаа Ливерпул со 3-2 во рамки на 11. коло во англиската Премиерлига.

Од самиот почеток гледавме одличен меч во Лондон, а Вест хем постигна погодок во четвртата минута, кога Алисон реагираше ужасно и си постигна автогол.

Ливерпул израмни на 1-1 преку Александер-Арнолд, кој постигна одличен гол од слободен удар, но потоа следеше распад на одбраната на гостите.

Вест хем во 67. Минута погоди за 2-1 преку Форналс, а потоа Зума со глава по изведен корнер ја затресе мрежата на Алисон за 3-1.

Водството на домаќинот го намали Ориги, кој за момент го врати Ливерпул во игра, но екипата од „Енфилд“ не успеа да освои барем бод на тешкото гостување во Лондон.