„Премиер лигата е измама“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Ливерпул Дитмар Хаман тврди дека анлиската Премиер лига е –измама!

Хаман смета дека Англичаните живеат во илузија и дека немаат квалитет за висок домет кога е репрезентативниот фудбал во прашање.

„Премиер лигата е измама. Тоа е просечна лига. Па погледнете ги првенствата во Шпанија, Германија…нивото на фудбал е подруго и поголемо отколку во Англија. Не се во Англија играчите виновни што клубовите им даваат толку пари, но платите им се напумпани“, рече Хаман, и додаде:

„Просечни играчи во Англија заработуваат пари како светски ѕвезди“.