Премиерлигашите на итен состанок се договорија заедно да го нападнат Њукасл!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Клубовите од Премиерлигата одржаа итен состанок на кој донеле одлука привремено да се спречи потпишување спонзорски договори со компании кои може да се поврзат со газдите на клубовите.

Дури 18 тимови беа за оваа одлука, додека Њукасл беше против, а воздржан беше само Манчестер сити.

Ривалите му зададоа силен удар на Њукасл, зашто премиерлигашите сакаат да ги спречат богатите шеици да внесат многу пари во клубот.

„Ако не го донесевме ова правило, ништо не можеше да го спречи Њукасл да го продаде името на стадионот на некоја компанија од Саудиска Арабија за 100 милиони фунти и тие пари веднаш да ги трошеше на засилувања. Така немаше да го прекршат финансискиот фер-плеј“, вели функционер од Премиерлигата.