Премиерлигашите се договорија кој ќе биде шампион на Англија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Премиерлигата ќе биде запрена до четврти април, но прашање е дали воопшто ќе продолжи да се игра. „Телеграф“ објави дека клубовите имале состанок и се договориле титулата да му биде доделена на Ливерпул.

Некои тренери не се согласија со тоа дека првенството треба да продолжи, а една од опциите е да заврши уште сега, па за титулата нема дилеми.

Ливерпул има 25 бодови предност пред Манчестер сити и доволни им се две победи да ја освоја титулата, па ретко кој мисли дека ќе ја испуштат предноста и поради тоа сакаат да им го доделат трофејот.

Според правилата испаѓаат три клубови, а според моменталната ситуација пет се во опасност: Норич, Астон вила, Бормут, Вотфорд и Вест хем.