Премиерлигата ќе се игра на „Вембли“: Англичаните имаат револуционерно решение!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Прекинот на спортските натпреварувања поради пандемијата на коронавирусот во Европа трае повеќе од еден месец, а уште не е познато кога сезонат аќе продолжи.

Во Шкотска беше донесена одлука натпревари да не се играат до 10 јуни, а слично би можело да биде и во Премиерлигата.

Фудбалскиот сојуз на Англија нема да донесе никаква одлука пред состанокот на УЕФА, кој е закажан за 24 април.

Се појавија неколку можности за одигрување на натпреварите во Премиерлигата, а тоа би можело да се одвива на еден стадион и тоа на „Вембли“.

Поради ТВ-правата Англичаните сакаат да ја завршат сезоната, а дневно би можеле да се играат по четири натпревари на стадионот.