Премиерлигата за првпат поради ковид-19 откажа натпревар!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поради голем број заразени со ковид-19 во Њукасл, се откажа натпреварот против Астон вила, кој претходно беше закажан за петок.

Ковид-19 го нападна премиерлигашот, па голем дел од фудбалерите и стручниот штаб завршија во изолација, по што Премиерлигата реши да го одложи мечот.

„По состанокот на раководството на Премиерлигата, мечот Њукасл – Астон вила е одложен, а требаше да се игра во петок, 4 декември. Њукасл побара да се одложи мечот поради голем број заразени со вирусот, по што решивме дека нема услови за нормален тренинг, како ниту за подготовка за натпреварот“, соопштија од Премиерлигата.

Њукасл во петокот славеше на гостувањето кај Кристал Палас со 2-0, по што се појави вирусот во екипата од „Сент Џејмс Парк“.