Преседан во Премиер Лигата?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Премиерлигата се враќа на 17. јуни.

Речиси сите врвни лиги во Европа ќе се вратат наскоро,а англиската Премиер лига ќе се врати за шеснаесет дена и тоа со дербито меѓу Манчестер Сити – Арсенал. Ако Топџиите направат изненадување и ги победат Граѓаните како гости Ливерпул ќе ја имаат првата меч топка за титулата што ја чекаше триесет години.

Како и да е, сè до „рестартирањето“ треба да се донесат многу одлуки – една од најважните е прашањето за замени.

Претходниот договор меѓу клубовите и челниците во лигата е дека тренерите имаат право на седум измени. Според „Мирор“ и „Дејли мејл“, Френк Лампард и Челси ќе предложат овој број да се зголеми на девет.

Постои загриженост за играчите кои штотуку се вратија на тренинзи, а ги чека интензивен период од шест недели, каде ќе видиме дури 92 натпревари. Челси сè уште има обврски во Лигата на шампионите, каде ги чека натпревар со Баерн Минхен, а има и четвртфинален дуел со Лестер Сити во ФА Купот.

Одлуката треба да се донесе следниот четврток на состанокот на челниците на Премиер Лигата.