Преселбата на Пандев од Лацио во Интер во топ-25 слободни трансфери во историјата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„ГивМиСпорт“ состави листа на топ-25 слободни трансфери во историјата, а на неа има место за македонскиот репрезентативец Горан Пандев, кој се пресели од Лацио во Интер.

Тогаш Пандев како голема желба на Мурињо дојде во Интер и тоа се покажа како полн погодок. Пандев на 19 натпревари во Серија А постигна три гола и подели шест асистенции, а стартуваше и на пет натпревари во Лигата на шампионите каде што Интер ја освои титулата победувајќи го Баерн во финалето.

На врвот на листата се најде Левандовски со трансферот од Борусија во Баерн, потоа следуваа Андреа Пирло (од Милан во Јувентус), Сол Келмбел (од Тотенхем во Арсенал), Михаел Балак (од Баерн во Челзи), Пол Погба (од Манчестер Јунајтед во Јувентус)…