Пресврт и во ситуацијата со Погба: Французинот би можел да остане на „Олд Трафорд“ поради една причина


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако веќе многумина го гледаат Пол Погба надвор од Манчестер Јунајтед, англиските медиуми пренесуваат дека би можел да се случи пресврт во целата ситуација.

Играчот од средниот ред годинава има едвај десет настапи во дресот на Манчестер Јунајтед и на големо се шпекулираше дека ја игра последната сезона како фудбалер на „Црвените ѓаволи“.

Сепак, „Атлетик“ пренесува дека Погба би можел да остане во клубот и следната сезона затоа што заинтереисраните клубови се сомневаат дека треба да издвојат толку пари колку што бара Манчестер Јунајтед, а проблематична е и огромната плата на фудбалерот која ја бара од Јувентус и Реал Мадрид кои во моментов се најзагреани за неговите услуги.