Пресврт во ситуацијата со еден играч на Челси, тој на крај би можел да остане во клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека е можен голем пресврт во трансфер сапуницата поврзана со Вилијан.

Искусниот бразилски фудбалер се поврзуваше со заминување од „Стемфорд Бриџ“ и преселба во Арсенал, но по најновите најави можно е друго сценарио.

Имено, уште претходно беше објавено дека преговорите меѓу двете страни се во ќорсокак затоа што Вилијан барал тригодишен договор, додека од Челси му нуделе само две години.

Сега, како што стојат работите веројатно е пронајден заеднички јазик, па Вилијан би можел да остане во клубот.