Пресвртот на Ливерпул е голем, но не и најголем во историјата на ЛШ


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Ливерпул успеа да го направи невозможното и по 0-3 од „Камп Ноу“ во реваншот против Барселона славеше со 4-0 и се пласираше во финалето на Лига на шампиони (ЛШ). Сепак, тоа не е најголем пресврт во историјата на елитното натпреварување.

Најголемиот пресврт го има токму Барселона, која пред две сезони успеа да врати дури четири голови негатива од првиот меч од осминафиналето во ЛШ и со победа од 6-1 против ПСЖ избори пласман во четвртфинале.

Дотогаш во историјата на европските  купови ниту еден тим не успеал да избори пласман понатаму по пораз од 0-4 во прв меч.

До таа вечер за паметење дури 58 натпревари во нокаут-фазата завршиле со 0-4, а ниту еден од тимовите не успеал да се врати.

Сепак, таа серија беше прекината на осми март 2017 година кога Барселона стана првата, која успеала да надокнади толку голема разлика.