Претседател си го ограбил сопствениот клуб, италијанските власти почнаа истрага!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неверојатен потег направил претседателот на Верона, Маурицио Сети, кој е под истрага поради перење на пари.

Италијанските власти почнаа истрага против Сети, а наводно му се запленети шест ипол милиони евра, кои ги украл од сопствениот клуб.

Медиумите откриваат дека јавниот обвинител во Болоња почнал истрага против бизнисменот поради перење пари и се соочува со затворска казна.

Сети на нелегален начин земал шест ипол милиони евра од Верона и со тие пари се обидел да спаси од банкрот друга екипа на која е газда.

Контроверзниот бизнисмен направил неколку измами за да го сокрие потеклото на парите, но сега бил откриен и не му бега затворска казна.

Овој 58-годишен бизнисмен е на чело на клубот од 2012 година, а претходно беше газда и на други тимови.