Претседателот на Барселона откри: Разговаравме со Интер, но…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу отворено призна дека е во преговори за трансфер на Лаутаро Мартинез, но во моментов тие се во застој.

За интересот на Барселона за аргентинскиот напаѓач постои долго време интерес, а Мартинез треба да биде долгогодишна замена за Луис Суарез.

„Разговаравме со Интер, но во моментов преговорите се во застој. Фокусот на нашиот спортски дел е на Лигата на шампиони“, кажа Бартомеу.

Бартомеу ги демантираше и шпекулациите дека Меси би можел следното лето да замине како слободен фудбалер во Интер.

„Меси неколку пати кажа дека сака да ја заврши кариерата во Барселона и немам дилема дека ќе го продолжи договорот“, кажа првиот човек на Каталонците.