Претседателот на Башакшехир побара доживотна суспензија за романскиот судија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Башакшехир, Гоксај Ѓумшудаг побара од Европската фудбалска унија (УЕФА) и од ФИФА да преземат мерки и доживотно да го суспендираат Себастијан Колетску. Романскиот судија направи голем скандал на мечот меѓу ПСЖ и турскиот тим, кога Пјер Вебо го нарече „црнец“.

Мечот меѓу екипите беше прекинат во вторникот, по што мораше да продолжи следниот ден, а победи ПСЖ со убедливи 5-1.

Првиот човек на турскиот тим побара доживотна суспензија за романскиот судија, а засега нема дополнителна реакција од УЕФА.

„Судијата мора да биде доживотно суспендиран. Мора да има казна. Овој 8 декември ќе влезе во историјата“, кажа претседателот на Башакшехир.