Претседателот на Бреша: Балотели по натпреварот со Верона повеќе не се смее


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Бреша Масимо Селино изјави дека Марио Балотели веќе не се смее по инцидентот за време на натпреварот против Верона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека тренерот Фабио Гросо вчера го отстранил нервозниот Балотели од тренингот. Наводно, дошло до недоразбирање помеѓу нив двајцата, бидејќи на тренерот на Бреша не му се допаднал ставот на Балотели.

Околу споментата ситуација, накратко прозборе и претседателот на Бреша – Масимо Селино.

„Не бев таму… Гросо не ме побара, па претпоставив дека немало никаков проблем. Меѓутоа, Марио од Верона па наваму повеќе не е насмеан“, истакна Селино.

Да се потсетиме, Марио Балотели се најде на мета на расистички навреди од страна на навивачите на Верона после поразот врз неговата Бреша.

Првобитната одлука на италијанските фудбалски органи беше парцијално да се суспендира стадионот на Верона, но истата вчера беше укината – додека не се истражат наводите од жалбата на Верона.

Инаку, Бреша во недела гостува на Олимпико каде ќе ги одмери силите со Рома. За сега не е познато дали Балотели ќе конкурира за овој натпревар.