Претседателот на ФИФА со неколку зборови ептен ги налути навивачите на Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џани Инфантино, претседателот на ФИФА, беше на настан во Фиренца каде што разговараше со новинарите и притоа ги налути навивачите на Јувентус.

Инфантино (не)намерно испрати провокација кон поранешниот италијански шампион, а тоа нема да му го простат навивачите на „Старата дама“.

„Најважно е тоа што сме во Фиренца. Фиорентина победи, а Јувентус изгуби, па тоа е добро. Интер славеше во дербито и јас сум среќен. Ова е одличен ден да бидеме во Фиренца“, кажа Инфантино.

Навивачите на Јувентус се гневни поради оваа изјава на првиот човек на ФИФА и нивната порака е дека толку важна личност во светскиот фудбал не смее да си дозволи вакви коментари.