Претседателот на Франкфурт се налути: Зошто ни дадовте да играме на овој Мики Маус стадион?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ајнтрахт Франкфурт е најновиот освојувач на Лига Европа, откако во финалето славеше со 5-4 на пенали против Ренџерс.

Натпреварот се играше на „Санчез Писхуан“, а претседателот на Ајнтрахт, Питер Фишер имаше забелешка за УЕФА која реши да се игра мечот токму на тој стадион.

„200.000 навивачи сакаа да бидат тука со нас, но не беше возможно и тоа е тажно затоа што игравме на Мики Маус стадион“, кажа претседателот на Франкфурт.

Претседателот на клубот се налути затоа што германската екипа доби само 10.000 билети за финалето во Лига Европа.