Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас смета дека заминувањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид не му наштетило на првенството, но откри дека заминувањето на Меси би било лошо за истото.
„Заминувањето на Кристијано, дури иако во МАдрид беа загрижени за тоа, речиси и да не влијаеше на Ла Лига. Со години работевме на тоа брендод Ла Лига да стане посилен од брендот на било кој играч“ –изјави Тебас кој потоа додаде дека Меси е икона на шпанскиот фудбал и дека неговото заминување би влијаело на Ла Лига.
„Би го замолил да ја заврши кариерата во нашето првенство, му дадовме толку многу љубов. Заминувањето на Меси не би било катастрофа зошто со него или без него би потпишале ТВ договори. Но она што е важно е вредноста која ја носи во лигата. Меси секогаш не воодушевува“ –изјави Тебас.