Претседателот на Лион го потврди местото за реваншот против Јувентус

На 17 март, Лион против Јувентус ќе го игра реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Поради епидемијата на коронавирус, дискутабилно е каде ќе се одигра натпреварот. Според претседателот Жан-Мишел Ула, натпреварот ќе се игра во Торино.

„Јуве играше против Интер на својот стадион во неделата. Ние ќе играме таму. УЕФА ги почитува одлуките и законите на секоја земја“, рече Ула.

„Одлуката за забрана на натпревари во Италија не се однесува на меѓународните натпревари и се чини дека натпреварот сега е потврден“, додаде тој.

УЕФА е решена да продолжи да игра натпревари во Лигата на шампионите. Досега ниту еден натпревар од тој натпревар не е одложен. Онаму каде што ситуацијата е алармантна се игра без навивачи.