Претседателот на Лион потврди дека Фекир и Ндомбеле би можеле да заминат од клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот човек на Лион, Жан Мишел Аулас призна дека Набил Фекир и Тангуј Ндомбеле би можеле да го напуштат клубот ова лето.

Сепак, претседателот потврди дека и за двајцата се уште нема пристигнато прифатлива понуда.

„Отворени сме за преговори, немам други вести. Чекаме понуди да дојдат во следните неколку денови, но засега нема ништо. Ништо не е одлучено ни со Тангуј Ндомбеле. Имаме многу понуди, но не се совпаѓаат со парите кои мислиме дека се вистинските“ –истакна Аулас.