Претседателот на Лион потврди дека Манчестер Јунајтед се интересира за нивен фудбалер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед е заинтересиран за младиот фудбалер на Лион, Рајан Черки. Ваквата вест ја потврди и првиот човек на францускиот клуб, Жан Мишел Аулас.

Черки е посочен како еден од најдобрите млади фудбалери во Европа и неговите настапи ги следат и од Реал Мадрид, Барселона и Баерн Минхен.

„Тој е играч кој ќе оди до највисоко ниво. Токму затоа направивме се за да го донесеме. Два клуба кои беа заинтересирани за него кога ја добивме неговата доверба беа Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Манчестер Јунајтед се уште се интересира за него, но ние сакаме тој да успее во Лион“ –изјави Аулас.

16 годишниот фудбалер веќе има три погодоци на вкупно 12 одиграни средби за првиот тим на Лион.