Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез веднаш по освојувањето на 34. титула во Шпанија, им порача на навивачите летово да не очекуваат спектакуларни трансфери.
На прашањето на новинарите дали важи тоа и за Килијан Мбапе, Перез јасно стави до знаење дека напаѓачот на ПСЖ нема да дојде во Мадрид.
„Нема да има големи засилувања летово. Не може да бараме од фудбалерите да се согласат на намалување на платата од 20%, а потоа да купуваме скапи засилувања. Може да почека трансферот на Мбапе. Реал ќе се врати на трансфер-маркетот и повторно ќе ги купува најдобрите во свет. Сепак, приоритет е борбата со последиците од пандемијата“, кажа Перез.