Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првиот човек на Виљареал, Фернандо Роиг беше лут поради поразот од Ливерпул во полуфиналето од Лигата на шампиони (ЛШ).
Претседателот кажа дека е горд што неговите фудбалери имале водство од 2-0 во еден момент од мечот, но смета дека требало Виљареал да добие пенал, кој можел да го реши натпреварот.
Судијата Макиеле пропуштил да досуди пенал по дуелот меѓу Ло Селсо и гостинскиот голман Алисон Бекер.
„Недосудениот пенал е скандал, а овој судија не е доволно добар за вакви натпревари. Ова не служи како изговор, но одлуките беа во корист на нашиот противник. Ова судење е скандалозно. Имаше многу ситни работи кои одат во прилог на Ливерпул“, објаснува тој.