Претседателот потврди: Наполи испрати до Бока понуда вредна 20 милиони…?!


Енрике лажеше? Шпанија го избра Мароко - 17 ден ↓↓↓



Момчето кое игра на позицијата централен играч за врска и кој моментално со репрезентацијата на Аргентина до 20 години е на СП, Агустин Алмендра, би можел да биде новото заслување за Наполи.

Екипата од Наполи го сака 19-годишниот играч за врска, но најмногу се прашува неговиот сегашен клуб Бока.

Претседателот на клубот, Даниел Ангеличи потврди за медиумите во Аргентина дека понуда од 20 милиони долари стигнала на адреса на Бока, и тоа баш од Наполи.

Сепак, не сакаше да зборува за тоа дали ќе ја прифатат, или ќе почекаат и другите екипи да понудат, оние кои сакаат да се вклучат во трката за младиот играч за врска.